титан 1
Значење на титан:
1. Во старо-грчката митологија ‒ гигант што стапувал во борба со боговите на Олимп.
2. (прен.) а) Многу голем, крупен човек; гигант б) Човек со вонредни способности и големи дела, великан; гигант 2. Титан на македонската револуција.
Множина: титани.
Изведени зборови:
- титански, прид. титанскиот Што е својствен за титан. Титанска борба. Титанска сила.
Оригинални податоци:
титан1, мн. титани м. 1. Во старо-грчката митологија ‒ гигант што стапувал во борба со боговите на Олимп. 2. (прен.) а) Многу голем, крупен човек; сп. гигант 1. б) Човек со вонредни способности и големи дела, великан; сп. гигант 2. Титан на македонската револуција. ‖ титански, титанскиот прид. Што е својствен за титан. Титанска борба. Титанска сила.