тивко

Прилог

Значење на тивко:

1. Не многу гласно, скоро со шепот, нечујно. Бабата зборуваше тивко за да не чујат девојчињата. Тие разговараа тивко и смирено. Тивко му шепна на другарот. Дишеше тивко и забрзано.

2. Без врева, без глас, без шум; мирно, смирено, спокојно. Во трпезаријата беше тивко. Ја затвори вратата и тивко си замина. Тивко е наоколу. Реката течеше бавно и тивко.

3. Со мир, со спокојство, ненаметливо, незабележливо. Тој работеше тивко, дење-ноќе. Децата тивко се врткаа во дворот.

4. За време ‒ мирно, без ветер. Надвор е тивко и сончево.

Оригинални податоци:

тивко прил. 1. Не многу гласно, скоро со шепот, нечујно. Бабата зборуваше тивко за да не чујат девојчињата. Тие разговараа тивко и смирено. Тивко му шепна на другарот. Дишеше тивко и забрзано. 2. Без врева, без глас, без шум; мирно, смирено, спокојно. Во трпезаријата беше тивко. Ја затвори вратата и тивко си замина. Тивко е наоколу. Реката течеше бавно и тивко. 3. Со мир, со спокојство, ненаметливо, незабележливо. Тој работеше тивко, дење-ноќе. Децата тивко се врткаа во дворот. 4. За време ‒ мирно, без ветер. Надвор е тивко и сончево.