тивок
Значење на тивок:
1. Што не е многу гласен, што не е силен, одвај чуен. Тивок глас. Тивок шум. Тивка приспивна песна. Тивка музика. Тивки звуци. Тивки разговори.
2. а) Што не предизвикува шум, бесшумен, нечуен. Тивок чекор. Тивок бакнеж. Тивки бранови. б) Што е исполнет со тишина. Тивка приквечерина.
3. За море, езеро, река и сл. ‒ што не е разбрануван, мирен. Тивка вода. Тивок поток.
4. Што е без врева, без шумни движења. Тивок мотор. Тивка улица. Тивка шумска патека. Тивко катче.
5. Што се одвива, што се случува без посебно изразување, истакнување, изделување на нешто. Тивок ден. Тивок живот. Тивка свадба.
6. Што изразува спокојство, смиреност, кроткост. Тивок допир. Тивки луѓе.
7. (прен.) Во состав со апстрактна именка (радост, жалост, тага и сл.) ‒ што е смирен, ненаметлив. Тивок восхит. Тивка среќа.
Членувана форма: тивкиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тивка вода брег рони ‒ тој што работи без многу зборување, сработува, постигнува сè; сп. рони.
Оригинални податоци:
тивок, тивкиот прид. 1. Што не е многу гласен, што не е силен, одвај чуен. Тивок глас. Тивок шум. Тивка приспивна песна. Тивка музика. Тивки звуци. Тивки разговори. 2. а) Што не предизвикува шум, бесшумен, нечуен. Тивок чекор. Тивок бакнеж. Тивки бранови. б) Што е исполнет со тишина. Тивка приквечерина. 3. За море, езеро, река и сл. ‒ што не е разбрануван, мирен. Тивка вода. Тивок поток. 4. Што е без врева, без шумни движења. Тивок мотор. Тивка улица. Тивка шумска патека. Тивко катче. 5. Што се одвива, што се случува без посебно изразување, истакнување, изделување на нешто. Тивок ден. Тивок живот. Тивка свадба. 6. Што изразува спокојство, смиреност, кроткост. Тивок допир. Тивки луѓе. 7. (прен.) Во состав со апстрактна именка (радост, жалост, тага и сл.) ‒ што е смирен, ненаметлив. Тивок восхит. Тивка среќа. ◊ Тивка вода брег рони ‒ тој што работи без многу зборување, сработува, постигнува сè; сп. рони.