тлее

Глагол, несвршен

Значење на тлее:

1. За оган ‒ гори слабо, без пламен, обично во пепелта. Жарче тлее во пепелта. Во печката тлееја догорените дрва.

2. (прен.) Чувствува нешто длабоко, но се воздржува да го искаже, копнее по нешто. Незадоволството долго тлееше во него. Во нејзиното срце тлееше желбата за рожба. Во него тлееше надеж дека таа ќе се врати.

3. За човек ‒ венее, тагува, страда за нешто. Човекот тлееше во затвор. Таа тлееше со години по загубата на синот.

Коњугација: тлеа , тлеаја , тлеал , тлеан, тлеат , тлееја , тлеејќи , тлеел , тлеен , тлееше , тлеј , тлејте .

Изведени зборови:

  • тлеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тлее, тлеат; тлеј, тлејте; тлееше, тлееја; тлеел; тлеен; тлеејќи, тлеа; тлеаја; тлеал; тлеан несв. 1. За оган ‒ гори слабо, без пламен, обично во пепелта. Жарче тлее во пепелта. Во печката тлееја догорените дрва. 2. (прен.) Чувствува нешто длабоко, но се воздржува да го искаже, копнее по нешто. Незадоволството долго тлееше во него. Во нејзиното срце тлееше желбата за рожба. Во него тлееше надеж дека таа ќе се врати. 3. За човек ‒ венее, тагува, страда за нешто. Човекот тлееше во затвор. Таа тлееше со години по загубата на синот. ‖ глаг. им. тлеење ср.