точен 3

Придавка

Значење на точен:

1. Што одговара на вистината, што соодведствува на тоа што го претставува. Точен податок. Точен превод. Точна претстава. Точни одговори.

2. Што навремено ги исполнува своите обврски, исполнителен, одговорен. Точен и вреден работник.

3. За часовник, вага и сл. – што функционира точно, прецизен. Точен часовник. Точна вага.

Членувана форма: точниот.

Изведени зборови:

  • точно, прил. Ученикот одговори точно. Не се сеќавам точно кога се случи тоа. Тој ги исполнуваше задачите совесно и точно. Тој гаѓаше точно во целта.
  • точност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Точно е – така е, се согласувам. Не е точен – не е нормален, луд е.

Оригинални податоци:

точен3, точниот прид. 1. Што одговара на вистината, што соодведствува на тоа што го претставува. Точен податок. Точен превод. Точна претстава. Точни одговори. 2. Што навремено ги исполнува своите обврски, исполнителен, одговорен. Точен и вреден работник. 3. За часовник, вага и сл. – што функционира точно, прецизен. Точен часовник. Точна вага. ‖ точно прил. Ученикот одговори точно. Не се сеќавам точно кога се случи тоа. Тој ги исполнуваше задачите совесно и точно. Тој гаѓаше точно во целта. ◊ Точно е – така е, се согласувам. Не е точен – не е нормален, луд е. ‖ точност ж.