точи 1

Глагол, несвршен

Значење на точи:

1. За течност – лее, тура, полни сад за течност. Домаќинот ќе точи вино од бурето. Келнерот точи пиво во кригли.

2. Трга, тегне, влече нишка од кадела, од кожурец, преде. Девојките точеа свила и срма.

Коњугација: точат.

Изведени зборови:

  • се ~ точи, 1. Тече, се лее во тенки млазеви. Дождовницата се точеше по улиците. 2. (прен.) Се движи, се пробива, проаѓа. Цела вечер се точеа гости. Врволицата се точеше кон плоштадот. Се точеа денови, дојде време за свадба.
  • точење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

точи1, точат, несв. 1. За течност – лее, тура, полни сад за течност. Домаќинот ќе точи вино од бурето. Келнерот точи пиво во кригли. 2. Трга, тегне, влече нишка од кадела, од кожурец, преде. Девојките точеа свила и срма. ● се ~ 1. Тече, се лее во тенки млазеви. Дождовницата се точеше по улиците. 2. (прен.) Се движи, се пробива, проаѓа. Цела вечер се точеа гости. Врволицата се точеше кон плоштадот. Се точеа денови, дојде време за свадба. ‖ глаг. им. точење ср.