точка се
Значење на точка се:
1. Се движи во колона, се ниже во мнозинство, едно по друго. Војската се точкаше како река. Се точкаа автомобили по автопатот кон границата. По калдрмата се точкаа последните пазарџии. Мравките се точкаат по ѕидот.
2. (прен.) Се вртка околу некого или некаде. Детето се точка околу баба му. Си се точкал по буништето.
Коњугација: се точкаат.
Оригинални податоци:
точка се, се точкаат несв. 1. Се движи во колона, се ниже во мнозинство, едно по друго. Војската се точкаше како река. Се точкаа автомобили по автопатот кон границата. По калдрмата се точкаа последните пазарџии. Мравките се точкаат по ѕидот. 2. (прен.) Се вртка околу некого или некаде. Детето се точка околу баба му. Си се точкал по буништето.