точка
Значење на точка:
1. а) Ситна тркалезна дамка. Има некаква црвена точка на белиот килим. Мала, црвена точка на стомакот. Блуза со ситни точки. б) Отпечаток од шилест предмет.
2. (грам.) Интерпункциски знак.
3. (мат.) Граница на една линија. Отсечката е дел од права линија ограничен со две точки.
4. Определено, означено место, објект и др. во пространството. Највисока точка на планината. Една точка се движеше во далечината. На небото црна точка од птица. Ѕвездена точка.
5. (физ.) Граничен момент при кој настапува или се пројавува нешто. Точка на вриење. Точка на замрзнување.
6. Дел изделен со број во план, текст и сл. Дневен ред со единствена точка. Планот има повеќе точки.
7. Дел од културно-уметничка програма, настап. Музичка точка. Пантомимска точка. Балетски точки.
8. Граница, ниво на нешто. Надојдената вода ја достигна најгорната точка во браната.
Множина: точки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мртва точка – нерешлив проблем. Почетна/појдовна точка – почеток, извор. Крајна точка – крај, завршок. Од гледна точка на ... – од гледиште, од аспект на (нешто). До точка на вриење – крајно напната состојба. Стави точка – заврши, стави крај на нешто. Има светла точка – има надеж. Нема допирни точки – нема никаква врска едно со друго. Му (ми, ти, ...) ја најде слабата точка – откри слабост, физичка и духовна немоќ.
Оригинални податоци:
точка, мн. точки ж. 1. а) Ситна тркалезна дамка. Има некаква црвена точка на белиот килим. Мала, црвена точка на стомакот. Блуза со ситни точки. б) Отпечаток од шилест предмет. 2. (грам.) Интерпункциски знак. 3. (мат.) Граница на една линија. Отсечката е дел од права линија ограничен со две точки. 4. Определено, означено место, објект и др. во пространството. Највисока точка на планината. Една точка се движеше во далечината. На небото црна точка од птица. Ѕвездена точка. 5. (физ.) Граничен момент при кој настапува или се пројавува нешто. Точка на вриење. Точка на замрзнување. 6. Дел изделен со број во план, текст и сл. Дневен ред со единствена точка. Планот има повеќе точки. 7. Дел од културно-уметничка програма, настап. Музичка точка. Пантомимска точка. Балетски точки. 8. Граница, ниво на нешто. Надојдената вода ја достигна најгорната точка во браната. ◊ Мртва точка – нерешлив проблем. Почетна/појдовна точка – почеток, извор. Крајна точка – крај, завршок. Од гледна точка на ... – од гледиште, од аспект на (нешто). До точка на вриење – крајно напната состојба. Стави точка – заврши, стави крај на нешто. Има светла точка – има надеж. Нема допирни точки – нема никаква врска едно со друго. Му (ми, ти, ...) ја најде слабата точка – откри слабост, физичка и духовна немоќ.