толерантен

Придавка

Значење на толерантен:

Што покажува толеранција, што е трпелив, што има разбирање, обѕир спрема некого или спрема нешто. Толерантен однос. Толерантна личност. Толерантни момчиња.

Членувана форма: толерантниот.

Изведени зборови:

  • толерантно, прил. Професорот толерантно слушаше за проблемите од наставната практика. Толерантно му одговори дека сè е во ред.
  • толерантност, и. ж.

Оригинални податоци:

толерантен, толерантниот прид. Што покажува толеранција, што е трпелив, што има разбирање, обѕир спрема некого или спрема нешто. Толерантен однос. Толерантна личност. Толерантни момчиња. ‖ толерантно прил. Професорот толерантно слушаше за проблемите од наставната практика. Толерантно му одговори дека сè е во ред. ‖ толерантност ж.