толкав

Придавка, Заменска придавка

Значење на толкав:

1. Што е толку голем по мера, по број или по количество. Толкав е нашиот син. Толкава е неговата плата. Донесе толкава кошница со цреши.

2. а) Што е изразен во голема мера. Толкав пат помина човекот. Се чудат од каде ѝ е толкава сила. Си ги наредивме децата, од убаво поубаво, толкава среќа! б) Што е изразен во мала мера. Што да прави, толкава му е силата.

Членувана форма: толкавиот.

Оригинални податоци:

толкав, толкавиот зам. прид. Што е толку голем по мера, по број или по количество. Толкав е нашиот син. Толкава е неговата плата. Донесе толкава кошница со цреши. 2. а) Што е изразен во голема мера. Толкав пат помина човекот. Се чудат од каде ѝ е толкава сила. Си ги наредивме децата, од убаво поубаво, толкава среќа! б) Што е изразен во мала мера. Што да прави, толкава му е силата.