толку

Прилог

Значење на толку:

1. Во таа мера, во таа количина, во тој број. Колку ќе тежи, толку ќе платиш. Колку учиш, толку знаеш. Колку лета, толку години.

2. Во голема мера, многу. Толку пари имаше, а живееше како питач. Ништо не се гледа, толку е темно. Толку сакаше да го види брата си. Сето тоа е толку вешто смислено. Толку чекање, толку зборување, вака ќе биде, така ќе биде, и ... ништо.

3. До таа мера, до тој степен, како што е нешто. На крајот на денот тој сработуваше толку колку што сработуваа и најпргавите селани. Толку те бидува. Тие и не се толку виновни.

4. Само, едвај. Толку, една недела поседе и замина.

Фразеолошки израз / поговорка:

До толку ‒ премногу.

Оригинални податоци:

толку прил. 1. Во таа мера, во таа количина, во тој број. Колку ќе тежи, толку ќе платиш. Колку учиш, толку знаеш. Колку лета, толку години. 2. Во голема мера, многу. Толку пари имаше, а живееше како питач. Ништо не се гледа, толку е темно. Толку сакаше да го види брата си. Сето тоа е толку вешто смислено. Толку чекање, толку зборување, вака ќе биде, така ќе биде, и ... ништо. 3. До таа мера, до тој степен, како што е нешто. На крајот на денот тој сработуваше толку колку што сработуваа и најпргавите селани. Толку те бидува. Тие и не се толку виновни. 4. Само, едвај. Толку, една недела поседе и замина. ◊ До толку ‒ премногу.