толкува
Значење на толкува:
1. Дава толкување, објаснува значење, смисла на нешто. Во речникот се толкуваат одделни зборови и изрази. Потеклото на зборот најдобро го толкуваат етимолозите. Тој произволно го толкува законот.
2. а) За сон ‒ одгатнува. Таа зборува за тебе и бара да ѝ ги толкуваме нештата. б) За постапка, однесување ‒ сфаќа, разбира. Тој погрешно ги толкуваше нејзините постапки.
3. Игра улога, лик во уметничко дело. Улогата ја толкуваше млад актер. Во филмот тој толкуваше лик на страстен љубовник.
4. Усно преведува говор од еден јазик на друг.
Коњугација: толкуваат.
Изведени зборови:
- толкување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
толкува, толкуваат несв. 1. Дава толкување, објаснува значење, смисла на нешто. Во речникот се толкуваат одделни зборови и изрази. Потеклото на зборот најдобро го толкуваат етимолозите. Тој произволно го толкува законот. 2. а) За сон ‒ одгатнува. Таа зборува за тебе и бара да ѝ ги толкуваме нештата. б) За постапка, однесување ‒ сфаќа, разбира. Тој погрешно ги толкуваше нејзините постапки. 3. Игра улога, лик во уметничко дело. Улогата ја толкуваше млад актер. Во филмот тој толкуваше лик на страстен љубовник. 4. Усно преведува говор од еден јазик на друг. ‖ глаг. им. толкување ср.