тон 1

Именка, машки род

Значење на тон:

1. (муз.) Музички звук со определена височина.

2. (муз.) Дел, интервал од гама што се состои од два полутона и се зема како единица при определувањето на разликите на звуците по височина.

3. (само едн., прен.) Нијанса на гласот, интонација, звучење на нешто. Пријатен тон во неговиот глас. Подигнат тон на пригодната реч. Потенциран морализаторски тон на поезијата. Подбивен тон. Со свечен тон.

4. (прен.) Начин на постапување, пристојно однесување, такт. Се обиде да го најде најпогодниот тон.

5. (прен.) а) Боја. Сив тон. Фустан во темнозелени тонови. б) Во сликарството – дејствувањето на боите во една слика.

Множина: тона, тонови.

Оригинални податоци:

тон1, мн. тонови, избр. мн. тона м. 1. (муз.) Музички звук со определена височина. 2. (муз.) Дел, интервал од гама што се состои од два полутона и се зема како единица при определувањето на разликите на звуците по височина. 3. (само едн., прен.) Нијанса на гласот, интонација, звучење на нешто. Пријатен тон во неговиот глас. Подигнат тон на пригодната реч. Потенциран морализаторски тон на поезијата. Подбивен тон. Со свечен тон. 4. (прен.) Начин на постапување, пристојно однесување, такт. Се обиде да го најде најпогодниот тон. 5. (прен.) а) Боја. Сив тон. Фустан во темнозелени тонови. б) Во сликарството – дејствувањето на боите во една слика.