тоналитет

Именка, машки род

Значење на тоналитет:

1. (муз.) Хармониска основа на композицијата; звучност, вид и природа на звукот, карактер на тонот.

2. Во сликарството ‒ општ тон што превладува и што предизвикува општ впечаток во соодносот на боите на една слика; колорит.

3. (прен.) Збир на надворешни обележја на некое уметничко дело и др. Лирски тоналитет. Прозодиски тоналитет.

Множина: тоналитети.

Оригинални податоци:

тоналитет, мн. тоналитети м. 1. (муз.) Хармониска основа на композицијата; звучност, вид и природа на звукот, карактер на тонот. 2. Во сликарството ‒ општ тон што превладува и што предизвикува општ впечаток во соодносот на боите на една слика; колорит. 3. (прен.) Збир на надворешни обележја на некое уметничко дело и др. Лирски тоналитет. Прозодиски тоналитет.