тоне

Глагол, несвршен

Значење на тоне:

1. Пропаѓа под површината на вода, исчезнува под вода. Бродот тонеше во длабочините на немирното море. Монетата тоне во брзата река.

2. Пропаѓа во нешто меко, мочурливо, калливо. Детските стапала тонеа во меката земја. Нозете тонеа во калта. Животното тонеше во живата песок.

3. (прен.) Пропаѓа, исчезнува, се губи. Пријателот тонеше во долгови. Сонцето полека тоне зад високите карпи. Собата тоне во темнината. Тонеме во трева до појас.

4. (прен.) Се наоѓа во некаква состојба, целосно се предава на некаква работа, на некакво размислување. Децата тонеа во мирен сон. Во есенските дождливи ноќи луѓето собрани в меана тонат во досада. Навечер легнува и тоне во читање. Доаѓа при нас и тоне во мисли.

5. Пропушта течност. Дождовница тонеше преку бетонската плоча по ѕидовите сè до приземјето.

Коњугација: тонаа , тонав , тонал , тонат, тонат , тонеа , тонев , тонејќи , тонел , тонет , тонете , тони .

Изведени зборови:

  • тонење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тоне, тонат; тони, тонете, тонев, тонеа; тонел; тонет; тонејќи; тонав, тонаа; тонал; тонат несв. 1. Пропаѓа под површината на вода, исчезнува под вода. Бродот тонеше во длабочините на немирното море. Монетата тоне во брзата река. 2. Пропаѓа во нешто меко, мочурливо, калливо. Детските стапала тонеа во меката земја. Нозете тонеа во калта. Животното тонеше во живата песок. 3. (прен.) Пропаѓа, исчезнува, се губи. Пријателот тонеше во долгови. Сонцето полека тоне зад високите карпи. Собата тоне во темнината. Тонеме во трева до појас. 4. (прен.) Се наоѓа во некаква состојба, целосно се предава на некаква работа, на некакво размислување. Децата тонеа во мирен сон. Во есенските дождливи ноќи луѓето собрани в меана тонат во досада. Навечер легнува и тоне во читање. Доаѓа при нас и тоне во мисли. 5. Пропушта течност. Дождовница тонеше преку бетонската плоча по ѕидовите сè до приземјето. ‖ глаг. им. тонење ср.