топ 1

Именка, машки род

Значење на топ:

1. (воен.) Вид артилериско оружје. Противавионски топ. Опсадни топови.

2. Шаховска фигура.

Множина: топа, топови.

Изведени зборови:

  • топовски, прид. топовскиот
  • топче, и. ср. кон. зн.1.

Фразеолошки израз / поговорка:

Спие како топ – спие многу длабоко. Глув како топ – ништо не слуша. Шоп како топ – цврст, силен, крупен човек, планинец. В топ ќе го (ме, те, ...) стави ‒ жестоко ќе реагира за нечија постапка, за нешто. Топ не го бие (разбива) ‒ никој ништо не му може; многу е јак, сигурен, моќен. Го фрли топот – 1. заврши некоја работа. 2. умре.

Оригинални податоци:

топ1, мн. топови, избр. мн. топа м. 1. (воен.) Вид артилериско оружје. Противавионски топ. Опсадни топови. 2. Шаховска фигура. ◊ Спие како топ – спие многу длабоко. Глув како топ – ништо не слуша. Шоп како топ – цврст, силен, крупен човек, планинец. В топ ќе го (ме, те, ...) стави ‒ жестоко ќе реагира за нечија постапка, за нешто. Топ не го бие (разбива) ‒ никој ништо не му може; многу е јак, сигурен, моќен. Го фрли топот – 1. заврши некоја работа. 2. умре. ‖ топче, мн. топчиња ср. кон. зн.1. ‖ топовски, топовскиот прид.