топ 2
Значење на топ:
1. Обично цилиндрична направа од картон, пластика и сл., цевка за намотување ткаенина со определена должина (платно, свила, штоф и сл.). Еден топ еднобојна свила. Неколку топа платно.
2. Мера за хартија. Два топа бела хартија.
3. Бале, врзоп. Тој секогаш мене ми ги подаваше големите топови, заврзани со конопен конец.
Множина: топа, топови.
Изведени зборови:
- топче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
топ2, мн. топови, избр. мн. топа м. 1. Обично цилиндрична направа од картон, пластика и сл., цевка за намотување ткаенина со определена должина (платно, свила, штоф и сл.). Еден топ еднобојна свила. Неколку топа платно. 2. Мера за хартија. Два топа бела хартија. 3. Бале, врзоп. Тој секогаш мене ми ги подаваше големите топови, заврзани со конопен конец. ‖ топче, мн. топчиња ср. дем.