топи 1
Значење на топи:
Прави нешто да прими вода, течност, натопува, наводенува. Сувите корки ги топеше во врело млеко. Тетка ми топеше крпа во чинија со оцет. Пие и ги топи мустаќите во пивото. Не топи ги ногавиците!Коњугација: топат.
Изведени зборови:
- се ~ топи, Се натопува, се наводенува. Децата цел ден се топат на чешма.
- топење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
топи1, топат несв. Прави нешто да прими вода, течност, натопува, наводенува. Сувите корки ги топеше во врело млеко. Тетка ми топеше крпа во чинија со оцет. Пие и ги топи мустаќите во пивото. Не топи ги ногавиците! ● се ~ Се натопува, се наводенува. Децата цел ден се топат на чешма. ‖ глаг. им. топење ср.