топи 2
Значење на топи:
1. Доведува нешто од тврда во течна или полутечна состојба. Домаќинката го топи салото во казан. Топилничарите го топеа железото. Високите температури го топат снегот.
2. (прен.) Разнежнува, предизвикува кај некого убави чувства. Добрите зборови го топат и тврдото срце. Убавата насмевка му ја топи лутината.
3. (прен.) Ослабнува, губи телесна тежина поради болест, големи грижи, тага и сл. Болеста го топеше човекот.
Коњугација: топат.
Изведени зборови:
- се ~ топи, 1. Минува во течна или во полутечна состојба нешто што е во тврда или замрзната состојба. Чоколадото се топи во рерната. Сладоледот се топи, јади го! Снегот се топи на планините. 2. (прен.) Се расчувствува, се разнежува. Срцето ѝ се топи од радост. Лицето му се топеше од милина. 3. (прен.) Постепено станува слаб, се суши. Се топи, станал жив костур. Венееше, се топеше по смртта на синот.
- топење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се топи в уста ‒ многу е вкусно.
Оригинални податоци:
топи2, топат несв. 1. Доведува нешто од тврда во течна или полутечна состојба. Домаќинката го топи салото во казан. Топилничарите го топеа железото. Високите температури го топат снегот. 2. (прен.) Разнежнува, предизвикува кај некого убави чувства. Добрите зборови го топат и тврдото срце. Убавата насмевка му ја топи лутината. 3. (прен.) Ослабнува, губи телесна тежина поради болест, големи грижи, тага и сл. Болеста го топеше човекот. ● се ~ 1. Минува во течна или во полутечна состојба нешто што е во тврда или замрзната состојба. Чоколадото се топи во рерната. Сладоледот се топи, јади го! Снегот се топи на планините. 2. (прен.) Се расчувствува, се разнежува. Срцето ѝ се топи од радост. Лицето му се топеше од милина. 3. (прен.) Постепено станува слаб, се суши. Се топи, станал жив костур. Венееше, се топеше по смртта на синот. ◊ Се топи в уста ‒ многу е вкусно. ‖ глаг. им. топење ср.