топли
Значење на топли:
1. Прави нешто да стане топло; загрева, затоплува. Таа топли вода на печката. Старецот ги топлеше нозете крај огништето.
2. Штити од студ некого или нешто. Мајката со своето тело ги топлеше измрзнатите деца. Квачката ги топлеше изведените пилиња под своите крила.
3. Испушта топлина, загрева. Сонцето ја топли нашата планета.
4. (прен.) Причинува радост, топлина. Среќата на синот ѝ го топлеше срцето. Внучињата ѝ ја топлеа душата.
Коњугација: топлат.
Изведени зборови:
- се ~ топли, 1. Станува топло, се загрева, се затоплува. Нека се топли водата на огнот. Млекото се топли на решото. 2. Се грее, се загрева, се стоплува, се затоплува. Децата се топлеа крај печките. 3. За време – станува потопол, затоплува. Пролет е, времето се топли.
- топлење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
топли, топлат несв. 1. Прави нешто да стане топло; загрева, затоплува. Таа топли вода на печката. Старецот ги топлеше нозете крај огништето. 2. Штити од студ некого или нешто. Мајката со своето тело ги топлеше измрзнатите деца. Квачката ги топлеше изведените пилиња под своите крила. 3. Испушта топлина, загрева. Сонцето ја топли нашата планета. 4. (прен.) Причинува радост, топлина. Среќата на синот ѝ го топлеше срцето. Внучињата ѝ ја топлеа душата. ● се ~ 1. Станува топло, се загрева, се затоплува. Нека се топли водата на огнот. Млекото се топли на решото. 2. Се грее, се загрева, се стоплува, се затоплува. Децата се топлеа крај печките. 3. За време – станува потопол, затоплува. Пролет е, времето се топли. ‖ глаг. им. топлење ср.