топол

Придавка

Значење на топол:

1. а) Што има висока или многу висока температура; студен. Топол воздух. Топол ветер. Топла пепел. б) За храна и сл. – свеж, штотуку подготвен. Топол чај. Топол бурек. Топла погача. Топло млеко. Топли лебови.

2. За време – што е исполнет со топол воздух, топлина. Топол ден. Топло време. Топли лета.

3. За облекло и сл. – што држи топлина. Топол шал. Топло палто. Топли влечки. Топла прекривка. Топла постела.

4. (прен.) Срдечен, исполнет со убави чувства (љубов, радост, среќа и сл.). Топол збор. Топла насмевка. Топла атмосфера. Топли прегратки. Топли поздрави.

5. За боја – што се приближува кон црвено. Топли бои.

6. За дом, катче, место – што е удобен, пријатен за престој. Топол дом. Топла соба. Топло гнездо. Топли огништа.

Членувана форма: топлиот.

Изведени зборови:

  • топло, прил. 1. На топол начин. Се облекува топло. 2. Срдечно, со пријатни чувства, пријателски. Топло ме прегрна. Топло ги пречекаа гостите.

Фразеолошки израз / поговорка:

Топла ракија – ракија зовриена со шеќер. Не измисли топла вода – (разг.) зборува за нешто веќе познато. Топли браќа –(жарг.) хомосексуалци.

Оригинални податоци:

топол, топлиот прид. 1. а) Што има висока или многу висока температура; спрот. студен. Топол воздух. Топол ветер. Топла пепел. б) За храна и сл. – свеж, штотуку подготвен. Топол чај. Топол бурек. Топла погача. Топло млеко. Топли лебови. 2. За време – што е исполнет со топол воздух, топлина. Топол ден. Топло време. Топли лета. 3. За облекло и сл. – што држи топлина. Топол шал. Топло палто. Топли влечки. Топла прекривка. Топла постела. 4. (прен.) Срдечен, исполнет со убави чувства (љубов, радост, среќа и сл.). Топол збор. Топла насмевка. Топла атмосфера. Топли прегратки. Топли поздрави. 5. За боја – што се приближува кон црвено. Топли бои. 6. За дом, катче, место – што е удобен, пријатен за престој. Топол дом. Топла соба. Топло гнездо. Топли огништа. ‖ топло прил. 1. На топол начин. Се облекува топло. 2. Срдечно, со пријатни чувства, пријателски. Топло ме прегрна. Топло ги пречекаа гостите. ◊ Топла ракија – ракија зовриена со шеќер. Не измисли топла вода – (разг.) зборува за нешто веќе познато. Топли браќа - (жарг.) хомосексуалци.