топот

Именка, машки род

Значење на топот:

1. Шум, звук што се слуша при движење, трчање на коњ. Топот на сурија коњи. Се слушаше топот на коњски копита.

2. Шум, звук од одење, чекорење, трчање. Горе се чу топот од дојденците. Топот на патрола.

Множина: топоти.

Оригинални податоци:

топот, мн. топоти м. 1. Шум, звук што се слуша при движење, трчање на коњ. Топот на сурија коњи. Се слушаше топот на коњски копита. 2. Шум, звук од одење, чекорење, трчање. Горе се чу топот од дојденците. Топот на патрола.