торба

Именка, женски род

Значење на торба:

1. Сошиено ќесе од платно, кожа и сл., со отвор во горниот дел, со една или две рачки, во различна форма и големина и со различна намена. Кожена торба. Торба од платно. Патна торба. Ученичкa торба. Торба за на пазар. Војнички торби.

2. Тоа што се наоѓа во неа. Торба јаболка. Две торби жито.

3. (зоол.) Кај торбарите – отвор во форма на џеб во пределот на стомакот на женката.

Множина: торби.

Изведени зборови:

  • торбе, и. ж. мн. торбиња, торбенце, мн. торбенца, торбиче, мн. торбичиња, торбуле, мн. торбулиња ср.; торбичка, мн. торбички дем.
  • торбиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Питачка торба – јаде сенешто, без ред. Стави (кладе) глава в торба – преземе голем ризик; сп. стави. Прав како јаже в торба – крив, виновен; сп. прав. Секое месење – торба тресење –живее од денес до утре. Овчарска торбичка – (бот.) Лековито плевелно растение со вретенест корен, со назабени листови, ситни, бели цветови и мали срцевидни плодови; Capsela bursa pastoris.

Оригинални податоци:

торба, мн. торби ж. 1. Сошиено ќесе од платно, кожа и сл., со отвор во горниот дел, со една или две рачки, во различна форма и големина и со различна намена. Кожена торба. Торба од платно. Патна торба. Ученичкa торба. Торба за на пазар. Војнички торби. 2. Тоа што се наоѓа во неа. Торба јаболка. Две торби жито. 3. (зоол.) Кај торбарите – отвор во форма на џеб во пределот на стомакот на женката. ‖ торбе, мн. торбиња, торбенце, мн. торбенца, торбиче, мн. торбичиња, торбуле, мн. торбулиња ср.; торбичка, мн. торбички ж. дем. ‖ торбиште, мн. торбишта ср. аугм. ◊ Питачка торба – јаде сенешто, без ред. Стави (кладе) глава в торба – преземе голем ризик; сп. стави. Прав како јаже в торба – крив, виновен; сп. прав. Секое месење – торба тресење –живее од денес до утре. Овчарска торбичка – (бот.) Лековито плевелно растение со вретенест корен, со назабени листови, ситни, бели цветови и мали срцевидни плодови; Capsela bursa pastoris.