товар

Именка, машки род

Значење на товар:

1. Стока или тоа што е натоварено на товарно животно, превозно средство и сл. Збиваа маските под товарите борина. Камион со товар. Дигање огромни товари.

2. Мера за тежина, определено количество од нешто, обично колку што се товари животно, приближно околу 100 кг. Коњски товар. Товар жито. Два товара дрва.

3. (прен.) а) Определена работа, задача или должност чиешто извршување обврзува некого, обврска. Не можам јас сама да го земам тој товар. Пак врз себе земаш товари. б) Бреме, тешкотија. Има голем товар на душата. Нели тоа е преголем товар за него! Како да му падна товарот што го притискаше. Моето присуство го чувствуваа како товар.

Множина: товара, товари.

Изведени зборови:

  • товарче, и. ср. хип. кон зн. 1.

Оригинални податоци:

товар, мн. товари, избр. мн. товара м. 1. Стока или тоа што е натоварено на товарно животно, превозно средство и сл. Збиваа маските под товарите борина. Камион со товар. Дигање огромни товари. 2. Мера за тежина, определено количество од нешто, обично колку што се товари животно, приближно околу 100 кг. Коњски товар. Товар жито. Два товара дрва. 3. (прен.) а) Определена работа, задача или должност чиешто извршување обврзува некого, обврска. Не можам јас сама да го земам тој товар. Пак врз себе земаш товари. б) Бреме, тешкотија. Има голем товар на душата. Нели тоа е преголем товар за него! Како да му падна товарот што го притискаше. Моето присуство го чувствуваа како товар. ‖ товарче, мн. товарчиња ср. хип. кон зн. 1.