традиционален

Придавка

Значење на традиционален:

1. Што се однесува на традиција, што е заснован врз традиција, што се пренесува по традиција. Традиционален обичај. Традиционална носија. Традиционално јадење. Традиционални игри и песни.

2. (прен.) Што е со застарени сфаќања, старомоден; конзервативен. Традиционални мислења.

3. Што обично се применува, што се прифаќа како навика, вообичаен. Традиционална нетрпеливост. Традиционални одговори.

Членувана форма: традиционалниот.

Оригинални податоци:

традиционален, традиционалниот прид. 1. Што се однесува на традиција, што е заснован врз традиција, што се пренесува по традиција. Традиционален обичај. Традиционална носија. Традиционално јадење. Традиционални игри и песни. 2. (прен.) Што е со застарени сфаќања, старомоден; конзервативен. Традиционални мислења. 3. Што обично се применува, што се прифаќа како навика, вообичаен. Традиционална нетрпеливост. Традиционални одговори.