трае

Глагол, несвршен

Значење на трае:

1. Продолжува да суштествува, да постои, да се извршува определено време. Претставата ќе трае еден час. Конкурсот трае до крајот на месецот. Веселбата траела три дена.

2. а) Се држи во добра состојба одредено време. Испиј го млекото, не трае, ќе се расипе. б) Доста е, доволно е за некое време. Платата одвај ми трае од први до први.

3. Трпи, поднесува, молчи. Ова веќе не се трае. Бебето трае, не плаче. Траевме, во уво се претворивме.

Коњугација: траат , траев , траеја , траејќи , траел , траен , трај , трајаа , трајав , трајал , трајан, трајте .

Изведени зборови:

  • траење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

трае, траат; трај, трајте; траев, траеја; траел; траен; траејќи; трајав, трајаа; трајал, трајан несв. 1. Продолжува да суштествува, да постои, да се извршува определено време. Претставата ќе трае еден час. Конкурсот трае до крајот на месецот. Веселбата траела три дена. 2. а) Се држи во добра состојба одредено време. Испиј го млекото, не трае, ќе се расипе. б) Доста е, доволно е за некое време. Платата одвај ми трае од први до први. 3. Трпи, поднесува, молчи. Ова веќе не се трае. Бебето трае, не плаче. Траевме, во уво се претворивме. ‖ глаг. им. траење ср.