трага

Именка, женски род

Значење на трага:

1. Белег, отпечаток од нешто што поминало врз некаква површина. Трага од стапала. Траги од валкани прсти. На патот свежи траги.

2. Белег, останка од нешто. Нема трага од операцијата. Траги од креда. Калливите траги на ногавиците не беа отстранети.

3. (прен.) Обележје, карактеристика на нешто. Траги на ориенталната култура. Траги на времето.

Множина: траги.

Фразеолошки израз / поговорка:

Од него ни трага ни глас – не се јави, исчезне, се изгуби.

Оригинални податоци:

трага, мн. траги ж. 1. Белег, отпечаток од нешто што поминало врз некаква површина. Трага од стапала. Траги од валкани прсти. На патот свежи траги. 2. Белег, останка од нешто. Нема трага од операцијата. Траги од креда. Калливите траги на ногавиците не беа отстранети. 3. (прен.) Обележје, карактеристика на нешто. Траги на ориенталната култура. Траги на времето. ◊ Од него ни трага ни глас – не се јави, исчезне, се изгуби.