трампи
Значење на трампи:
Направи, прави трампа, размени, разменува стока за стока. Селаните од планинските села ги трампеа компирите за жито. Собираше тревки и корења и ги трампеше за сулфур. Тука има жито повеќе од песок, ќе трампиме за калинки, за смокви, за грозје.Коњугација: трампат.
Изведени зборови:
- трампење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
трампи, трампат св. и несв. Направи, прави трампа, размени, разменува стока за стока. Селаните од планинските села ги трампеа компирите за жито. Собираше тревки и корења и ги трампеше за сулфур. Тука има жито повеќе од песок, ќе трампиме за калинки, за смокви, за грозје. ‖ глаг. им. трампење ср.