транс
Значење на транс:
1. Силна возбуда, восхит, занес, екстаза. Чудесен транс.
2. Несвесна состојба, губење на способноста за здраво расудување, состојба слична на хипнотички сон. Транс под влијание на алкохолот. До паузата беше како во транс.
Множина: трансови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Паѓа во транс (жарг.) се занесува многу.
Оригинални податоци:
транс, мн. трансови м. 1. Силна возбуда, восхит, занес, екстаза. Чудесен транс. 2. Несвесна состојба, губење на способноста за здраво расудување, состојба слична на хипнотички сон. Транс под влијание на алкохолот. До паузата беше како во транс. ◊ Паѓа во транс (жарг.) се занесува многу.