транскрипција

Именка, женски род

Значење на транскрипција:

1. (лингв.) а) Предавање на зборовите на еден јазик или дијалект со букви и специјални знаци, при што изговорот на гласовите се предава колку што е можно поточно како што се изговараат тие од говорителот. Македонска транскрипција. б) Препишување текст на едно писмо со друго; транслитерација. Транскрипција на текстови од минатиот век. Транскрипција на туѓите имиња.

2. (муз.) Постапка на пренесување на музичко дело за еден инструмент или глас на друг инструмент или глас.

Множина: транскрипции.

Оригинални податоци:

транскрипција, мн. транскрипции ж. 1. (лингв.) а) Предавање на зборовите на еден јазик или дијалект со букви и специјални знаци, при што изговорот на гласовите се предава колку што е можно поточно како што се изговараат тие од говорителот. Македонска транскрипција. б) Препишување текст на едно писмо со друго; в. транслитерација. Транскрипција на текстови од минатиот век. Транскрипција на туѓите имиња. 2. (муз.) Постапка на пренесување на музичко дело за еден инструмент или глас на друг инструмент или глас.