трат

Именка, машки род

Ботаника.

Значење на трат:

Вид габа што е прикрепена за стеблото на дрво или на паднато стебло, со одрвенето тело во форма на копито; исушена служи за палење; Fomes fomentarius. Парче трат. Сушен трат. Со кремен го потпали тратот.

Множина: трата, тратови.

Изведени зборови:

  • тратче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тврд како трат – многу издржлив, истраен, цврст.

Оригинални податоци:

трат, мн. тратови, избр. мн. трата м. (бот.) Вид габа што е прикрепена за стеблото на дрво или на паднато стебло, со одрвенето тело во форма на копито; исушена служи за палење; Fomes fomentarius. Парче трат. Сушен трат. Со кремен го потпали тратот. ◊ Тврд како трат – многу издржлив, истраен, цврст. ‖ тратче, мн. тратчиња ср. дем.