трча

Глагол, несвршен

Значење на трча:

1. Се движи со брзи чекори, реско одбивајќи се од земјата при чекорењето. Момчињата задишано трчаа по патеката покрај реката. Забрзај ги чекорите и трчај по мене! Трчал со сета сила.

2. (спорт.) Се натпреварува во трчање.

3. Оди, заминува брзо за некаде, по нешто. Калфите трчаа од еден дуќан до друг, носеа, влечеа, товареа. Таа сè по него трча. Ајде трчај, барај помош. Децата трчаа по кокошките.

4. (прен.) Брза да заврши некаква работа, да направи, да постигне нешто, работи нешто. Трчал, не трчал, моето се виде, брату! Мислеа дека тој трча за да се докаже. Тие цел живот трчаа по пари.

5. (прен.) Се грижи за некого. Мајката трчаше по дечињата.

6. (прен.) Брза да заврши некоја работа; разодува на разни места за да заврши некоја работа. Цели два дена трчаше де таму, де ваму, за да ги извади потребните документи.

7. (прен., разг.) Бара, сака, копнее по нешто или по некого, вљубен е во некого. Трча по жени. Трча по пари.

Коњугација: трчаат.

Изведени зборови:

  • трчање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

трча, трчаат несв. 1. Се движи со брзи чекори, реско одбивајќи се од земјата при чекорењето. Момчињата задишано трчаа по патеката покрај реката. Забрзај ги чекорите и трчај по мене! Трчал со сета сила. 2. (спорт.) Се натпреварува во трчање. 3. Оди, заминува брзо за некаде, по нешто. Калфите трчаа од еден дуќан до друг, носеа, влечеа, товареа. Таа сè по него трча. Ајде трчај, барај помош. Децата трчаа по кокошките. 4. (прен.) Брза да заврши некаква работа, да направи, да постигне нешто, работи нешто. Трчал, не трчал, моето се виде, брату! Мислеа дека тој трча за да се докаже. Тие цел живот трчаа по пари. 5. (прен.) Се грижи за некого. Мајката трчаше по дечињата. 6. (прен.) Брза да заврши некоја работа; разодува на разни места за да заврши некоја работа. Цели два дена трчаше де таму, де ваму, за да ги извади потребните документи. 7. (прен., разг.) Бара, сака, копнее по нешто или по некого, вљубен е во некого. Трча по жени. Трча по пари. ‖ глаг. им. трчање ср.