трчка
Значење на трчка:
1. Трча малку, кратко време. Тој трчкаше лесно како пердушка.
2. Се движи, трча од едно место до друго. Весело трчкале децата по раскопнетиот снег.
3. (прен.) Успева да постигне нешто (план, идеја и сл.) со настојување, со голема упорност. Трчкаше ваму-таму и ја постигна целта.
Коњугација: трчкаат.
Изведени зборови:
- трчкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
трчка, трчкаат несв. 1. Трча малку, кратко време. Тој трчкаше лесно како пердушка. 2. Се движи, трча од едно место до друго. Весело трчкале децата по раскопнетиот снег. 3. (прен.) Успева да постигне нешто (план, идеја и сл.) со настојување, со голема упорност. Трчкаше ваму-таму и ја постигна целта. ‖ глаг. им. трчкање ср.