треба

Глагол, несвршен

Значење на треба:

1. безл. Е потребно, е неопходно. Утре треба да станеме рано. Уморот треба да се надвладее. Тоа треба да се разбере. Не треба да чекаш повеќе.

2. а) Во одделни изрази со да-конструкција означува последователност за извршување на дејството. Уводот треба да следи по поговорот. Ве поканивме и требаше да дојдете. Ни треба поддршка да ја постигнеме целта. Треба да падне дожд, па да се косат ливадите. б) Во одделни изрази со да-конструкција означува веројатност, можност за извршување на дејството. Кравата треба веќе да се отели. Автобусот би требало да стигне навреме. Таму треба да е улицата.

3. Има потреба од нешто. Вам ви требаат многу пари. Нему му требаат нови чизми. На фабриката ѝ требаат нови работници. Мене ми треба сон.

4. Има потреба, чувствува љубов, приврзаност кон некого. Ти ми требаш за да ја завршам работата. Нему му требаше детето, тоа му беше сè на светот.

Коњугација: требаат.

Оригинални податоци:

треба, требаат несв. 1. безл. Е потребно, е неопходно. Утре треба да станеме рано. Уморот треба да се надвладее. Тоа треба да се разбере. Не треба да чекаш повеќе. 2. а) Во одделни изрази со да-конструкција означува последователност за извршување на дејството. Уводот треба да следи по поговорот. Ве поканивме и требаше да дојдете. Ни треба поддршка да ја постигнеме целта. Треба да падне дожд, па да се косат ливадите. б) Во одделни изрази со да-конструкција означува веројатност, можност за извршување на дејството. Кравата треба веќе да се отели. Автобусот би требало да стигне навреме. Таму треба да е улицата. 3. Има потреба од нешто. Вам ви требаат многу пари. Нему му требаат нови чизми. На фабриката ѝ требаат нови работници. Мене ми треба сон. 4. Има потреба, чувствува љубов, приврзаност кон некого. Ти ми требаш за да ја завршам работата. Нему му требаше детето, тоа му беше сè на светот.