треби
Значење на треби:
1. За грав, ориз, леќа, пченица и сл. – одвојува, исфрла нечисто, расипано, штетно зрно, чисти. Со рацете го требеше гравот. Вие требете ја пченицата за варење.
2. (прен.) Уништува, убива. Ловците ги требеа волците.
Коњугација: требат.
Изведени зборови:
- се ~ треби, 1. Се пошти, се чисти од вошки. Се треби од гниди. Старата се требеше од вошки. 2. (прен.) Се убива, се уништува. Лоши времиња дојдоа, се требиме меѓу себе. Си ги требеа семејствата поради крвна одмазда.
- требење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
треби, требат несв. 1. За грав, ориз, леќа, пченица и сл. – одвојува, исфрла нечисто, расипано, штетно зрно, чисти. Со рацете го требеше гравот. Вие требете ја пченицата за варење. 2. (прен.) Уништува, убива. Ловците ги требеа волците. ● се ~ 1. Се пошти, се чисти од вошки. Се треби од гниди. Старата се требеше од вошки. 2. (прен.) Се убива, се уништува. Лоши времиња дојдоа, се требиме меѓу себе. Си ги требеа семејствата поради крвна одмазда. ‖ глаг. им. требење ср.