трем
Значење на трем:
1. Покриен простор пред влез на куќа, зграда и др. Трем на шумска колиба. Сонцето продира и под тремот. Жените се затскриваа по тремовите.
2. Влезна просторија на куќа и др., предворје, претсобје. Црквен трем. Поплочен трем. Врата на тремот.
Множина: трема, тремови.
Изведени зборови:
- тремче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
трем, мн. тремови, избр. мн. трема м. 1. Покриен простор пред влез на куќа, зграда и др. Трем на шумска колиба. Сонцето продира и под тремот. Жените се затскриваа по тремовите. 2. Влезна просторија на куќа и др., предворје, претсобје. Црквен трем. Поплочен трем. Врата на тремот. ‖ тремче, мн. тремчиња ср. дем.