тренинг

Именка, машки род

Значење на тренинг:

1. Систематско вежбање за да се стекнат одредени вештини во некоја спортска дисциплина; тренирање. Спортски тренинг. За натпреварувачка кондиција потребен е постојан тренинг.

2. Општ назив за вежбање, школување, одгледување.

Множина: тренинзи.

Оригинални податоци:

тренинг, мн. тренинзи м. 1. Систематско вежбање за да се стекнат одредени вештини во некоја спортска дисциплина; тренирање. Спортски тренинг. За натпреварувачка кондиција потребен е постојан тренинг. 2. Општ назив за вежбање, школување, одгледување.