трепери

Глагол, несвршен

Значење на трепери:

1. Прави отсечни и чести многукратни движења, се тресе, брзо се ниша, се лелее. Ниту еден лист на дрвјата не трепери. Лисјата на брезата трепереа од ветрот. Воздухот трепереше од големите жештини. Трепери чистата езерска вода.

2. а) За ѕвезди, извор на светлина и сл. – привидно поигрува, мрда, трепка. Ѕвездите треперат на небото. Во ноќта трепери само една светилка. Трепери пламенот во огништето. б) (прен.) За глас – се слуша испрекинато, со променлив интензитет. Неговиот глас трепереше од возбуда.

3. (прен.) а) За човек (дел од човечко тело) – се тресе неволно, несвесно. Снагата му трепереше од радост. Рацете му трепереа додека ја палеше цигарата. б) Се тресе, се плаши. Изгубените деца трепереа, не можеа збор да изустат. Таа трепери пред него. Целата треперам, ништо не слушам и не гледам.

4. За стрелка од инструмент – периодично, ритмично се движи, ја менува состојбата, осцилира.

Коњугација: треперат.

Изведени зборови:

  • треперење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Трепери како лист (прат) – многу се плаши, многу е вознемирен.

Оригинални податоци:

трепери, треперат несв. 1. Прави отсечни и чести многукратни движења, се тресе, брзо се ниша, се лелее. Ниту еден лист на дрвјата не трепери. Лисјата на брезата трепереа од ветрот. Воздухот трепереше од големите жештини. Трепери чистата езерска вода. 2. а) За ѕвезди, извор на светлина и сл. – привидно поигрува, мрда, трепка. Ѕвездите треперат на небото. Во ноќта трепери само една светилка. Трепери пламенот во огништето. б) (прен.) За глас – се слуша испрекинато, со променлив интензитет. Неговиот глас трепереше од возбуда. 3. (прен.) а) За човек (дел од човечко тело) – се тресе неволно, несвесно. Снагата му трепереше од радост. Рацете му трепереа додека ја палеше цигарата. б) Се тресе, се плаши. Изгубените деца трепереа, не можеа збор да изустат. Таа трепери пред него. Целата треперам, ништо не слушам и не гледам. 4. За стрелка од инструмент – периодично, ритмично се движи, ја менува состојбата, осцилира. ◊ Трепери како лист (прат) – многу се плаши, многу е вознемирен. ‖ глаг. им. треперење ср.