трепет
Значење на трепет:
1. Треперење, трепетење. Трепет на гласот. Трепет на рацете. Трепетите на бранчињата.
2. (прен.) Состојба предизвикана од силна возбуда. Со трепет и со солзи во очите ја прегрна мајка си. Со сладок трепет на душата. Трепет од радост.
3. Едно трепнување, еден миг. Еден трепет и тој сфати дека не ќе може да се извлече од тоа.
Множина: трепети.
Фразеолошки израз / поговорка:
Страв и трепет – сп. страв.
Оригинални податоци:
трепет, мн. трепети м. 1. Треперење, трепетење. Трепет на гласот. Трепет на рацете. Трепетите на бранчињата. 2. (прен.) Состојба предизвикана од силна возбуда. Со трепет и со солзи во очите ја прегрна мајка си. Со сладок трепет на душата. Трепет од радост. 3. Едно трепнување, еден миг. Еден трепет и тој сфати дека не ќе може да се извлече од тоа. ◊ Страв и трепет – сп. страв.