трепка
Значење на трепка:
1. Несвесно спојува (затвора и отвора) трепки, клепа, мига. Тој трепкаше со очите вчудовиден. Детето трепка на сонцето.
2. За светлост, за извор на светлина – светка. Некаде далеку трепкаше светлост. Трепкаше кандилото пред иконата.
3. Трепери, се лелее. Трепка клас.
Коњугација: трепкаат.
Изведени зборови:
- трепкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
трепка, трепкаат несв. 1. Несвесно спојува (затвора и отвора) трепки, клепа, мига. Тој трепкаше со очите вчудовиден. Детето трепка на сонцето. 2. За светлост, за извор на светлина – светка. Некаде далеку трепкаше светлост. Трепкаше кандилото пред иконата. 3. Трепери, се лелее. Трепка клас. ‖ глаг. им. трепкање ср.