трепне
Значење на трепне:
1. Несвесно спои (затвори и отвори) трепки, клепне. Детето ги подотвори очите, трепна еднаш, двапати и се насмеа.
2. За светлост, за извор на светлина – светне. Една ѕвезда трепна во ноќта.
3. Затрепери. Сетил дека нешто непознато трепнало во срцето. Славејчето трепна со крилјата и падна од гранката. Во шумата стара ни крило да трепне.
Коњугација: (ќе) трепнеа , (ќе) трепнев , (ќе) трепнел, трепнаа , трепнав , трепнал , трепнат , трепнат , трепнете , трепни .
Изведени зборови:
- трепнува, глаг. несв. трепнуваат
- трепнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дури да трепнеш – веднаш, во моментот. Око нема да му (ми, ти, ѝ ...) трепне – не му е грижа, не се плаши.
Оригинални податоци:
трепне, трепнат; трепни, трепнете; трепнав, трепнаа; трепнал; трепнат; (ќе) трепнев, (ќе) трепнеа; (ќе) трепнел св. 1. Несвесно спои (затвори и отвори) трепки, клепне. Детето ги подотвори очите, трепна еднаш, двапати и се насмеа. 2. За светлост, за извор на светлина – светне. Една ѕвезда трепна во ноќта. 3. Затрепери. Сетил дека нешто непознато трепнало во срцето. Славејчето трепна со крилјата и падна од гранката. Во шумата стара ни крило да трепне. ◊ Дури да трепнеш – веднаш, во моментот. Око нема да му (ми, ти, ѝ ...) трепне – не му е грижа, не се плаши. ‖ трепнува, трепнуваат несв. ‖ глаг. им. трепнување ср.