тресе

Глагол, несвршен

Значење на тресе:

1. Ниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје, дрмоли. Цел ден ги тресеа сливите и ги собираа во кофи. По првата слана ќе ги тресе дрвјата за да ги собере сувите лисја од тревата. Силно го тресел за раменици.

2. Павта постелнина, крпи и др., за да исчисти од прав или да отстрани нешто. Една недела порано таа тресеше, расчистуваше, ја суредуваше куќата. Ја тресеше главата бранејќи се од мушички. Двајцата павтаа со нозете, го тресеа снегот од обувките. Некои ја тресеа сламата од облеката.

3. За природен феномен, природна појава (ветер, земјотрес и сл.) – прави брзи, повторливи движења на нешто. Ветерот фучи и ги тресе капаците на прозорците. Земјотресот силно тресеше.

4. За болест – трепери. Две недели треска го тресела. Високата температура го тресеше детето.

5. (разг.) Кажува нешто неумесно, непромислено. Таа постојано што-годе си тресе.

Коњугација: тресат , тресеа , тресев , тресѐјќи , тресел , тресен , тресете , треси , тресле, тресоа , тресов , тресол .

Изведени зборови:

  • се ~ тресе, 1. Се ниша, се мрда. Дрвото се тресеше од силните раце на момчето. Земјата се тресе. Куќата се тресе, бргу излегувајте надвор! 2. а) Трепери. Болниот се тресе, јачи. Рацете му се тресеа од возбуда. Детето се тресеше од студ. б) (прен.) Се плаши, се грижи. Затворениците се тресеа кога стражарот се накашлуваше пред вратата. Таа плачеше и се тресеше над судбината на малото братче. 3. Се чисти, отстранува нешто од себе; сп. тресе 2.
  • тресење, глаг. им. ср. тресење ◊ Секое месење – торба тресење – сп. торба.

Фразеолошки израз / поговорка:

Треска го (ме, те, ја ...) тресе – многу е загрижен за нешто. Се тресе како прат – сп. прат. Му (ми, ти, ѝ ...) се тресе душата – многу се плаши, многу е вознемирен.

Оригинални податоци:

тресе, тресат; треси, тресете; тресев, тресеа; тресел; тресен; тресѐјќи; тресов, тресоа; тресол, тресле несв. 1. Ниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје, дрмоли. Цел ден ги тресеа сливите и ги собираа во кофи. По првата слана ќе ги тресе дрвјата за да ги собере сувите лисја од тревата. Силно го тресел за раменици. 2. Павта постелнина, крпи и др., за да исчисти од прав или да отстрани нешто. Една недела порано таа тресеше, расчистуваше, ја суредуваше куќата. Ја тресеше главата бранејќи се од мушички. Двајцата павтаа со нозете, го тресеа снегот од обувките. Некои ја тресеа сламата од облеката. 3. За природен феномен, природна појава (ветер, земјотрес и сл.) – прави брзи, повторливи движења на нешто. Ветерот фучи и ги тресе капаците на прозорците. Земјотресот силно тресеше. 4. За болест – трепери. Две недели треска го тресела. Високата температура го тресеше детето. 5. (разг.) Кажува нешто неумесно, непромислено. Таа постојано што-годе си тресе. ● се ~ 1. Се ниша, се мрда. Дрвото се тресеше од силните раце на момчето. Земјата се тресе. Куќата се тресе, бргу излегувајте надвор! 2. а) Трепери. Болниот се тресе, јачи. Рацете му се тресеа од возбуда. Детето се тресеше од студ. б) (прен.) Се плаши, се грижи. Затворениците се тресеа кога стражарот се накашлуваше пред вратата. Таа плачеше и се тресеше над судбината на малото братче. 3. Се чисти, отстранува нешто од себе; сп. тресе 2. ◊ Треска го (ме, те, ја ...) тресе – многу е загрижен за нешто. Се тресе како прат – сп. прат. Му (ми, ти, ѝ ...) се тресе душата – многу се плаши, многу е вознемирен. ‖ глаг. им. тресење ср. ◊ Секое месење – торба тресење – сп. торба.