трескав

Придавка

Значење на трескав:

1. Што има треска.

2. Што е својствено за човек што има треска. Трескав поглед. Трескава жед. Втренчени, трескави очи.

3. (прен.) Што се извршува со голема брзина и со напнатост. Трескав потфат. Трескава илегална дејност. Трескави преговори.

Членувана форма: трескавиот.

Изведени зборови:

  • трескаво, прил. Кон зн. 3. Зборуваше брзо, трескаво и често трепкаше. Во себе трескаво ги преиспитуваше сите можности.
  • трескавост, и. ж.

Оригинални податоци:

трескав, трескавиот прид. 1. Што има треска. 2. Што е својствено за човек што има треска. Трескав поглед. Трескава жед. Втренчени, трескави очи. 3. (прен.) Што се извршува со голема брзина и со напнатост. Трескав потфат. Трескава илегална дејност. Трескави преговори. ‖ трескаво прил. Кон зн. 3. Зборуваше брзо, трескаво и често трепкаше. Во себе трескаво ги преиспитуваше сите можности. ‖ трескавост ж.