тресне

Глагол, свршен

Значење на тресне:

1. Силно удри. Одеднаш некој го тресна по главата. Ќе го треснеше со чеканот по рака.

2. Удри од нешто, во нешто. Толку ме налути, ќе го треснев од земја. Тој тресна со лицето во тротоарот. Домаќинот ќе треснеше со раката во масата и сите ќе замолчеа.

3. За прозорец, врата и сл. – затвори со трескот, со трескање. Излезе и ја тресна вратата. Тој не дослуша, ја тресна слушалката од телефонот.

4. (прен., разг.) Каже нешто неумесно, непромислено. Тој не сфати дека тресна глупост. Беше таков, брз, ќе тресне без да размисли.

5. Падне со трескот. Детето се залета и тресна на подот. Не трчај по скалите, ќе треснеш! Шишето тресна и се распарчи. Тресна нова бомба и го затресе селото.

6. Силно фрли. Пиеше, пиеше и ја тресна чашата од ѕидот. Тој ги тресна документите на маса и замина.

7. (прен.) Во клетва – цркне, умре. Пукнете, треснете! 8. безл. Згрми. И пак тресна гром посилно и поблиску.

Коњугација: (ќе) треснеа , (ќе) треснев , (ќе) треснел, треснаа , треснав , треснал , треснат , треснат , треснете , тресни .

Изведени зборови:

  • се ~ тресне, Се удри силно. Се тресна од вратата.
  • (се) треснува, глаг. несв. (се) треснуваат
  • треснување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тресне, треснат; тресни, треснете; треснав, треснаа; треснал; треснат; (ќе) треснев, (ќе) треснеа; (ќе) треснел св. 1. Силно удри. Одеднаш некој го тресна по главата. Ќе го треснеше со чеканот по рака. 2. Удри од нешто, во нешто. Толку ме налути, ќе го треснев од земја. Тој тресна со лицето во тротоарот. Домаќинот ќе треснеше со раката во масата и сите ќе замолчеа. 3. За прозорец, врата и сл. – затвори со трескот, со трескање. Излезе и ја тресна вратата. Тој не дослуша, ја тресна слушалката од телефонот. 4. (прен., разг.) Каже нешто неумесно, непромислено. Тој не сфати дека тресна глупост. Беше таков, брз, ќе тресне без да размисли. 5. Падне со трескот. Детето се залета и тресна на подот. Не трчај по скалите, ќе треснеш! Шишето тресна и се распарчи. Тресна нова бомба и го затресе селото. 6. Силно фрли. Пиеше, пиеше и ја тресна чашата од ѕидот. Тој ги тресна документите на маса и замина. 7. (прен.) Во клетва – цркне, умре. Пукнете, треснете! 8. безл. Згрми. И пак тресна гром посилно и поблиску. ● се ~ Се удри силно. Се тресна од вратата. ‖ (се) треснува, (се) треснуваат несв. ‖ глаг. им. треснување ср.