трет
Значење на трет:
Што е по ред зад вториот, редна бројна придавка според бројот три. Трет дел. Трети кат. Трето одделение. Трета задача. Третиот месец. Трети дечињаЧленувана форма: третиот .
Алтернативно: трети
Фразеолошки израз / поговорка:
Трета вечер – третата вечер од раѓањето на детето. Трета рака – тоа што се повторува по трет пат (берба, делење карти). Преку трето лице – со посредство на друг. Трети петли – изгрејсонце. Третиот сталеж – (истор.) граѓанство, буржоазија во Франција. (До) трета мајка – (до) три пати. Трета среќа – пробува да направи нешто до трипати.
Оригинални податоци:
трет и трети, третиот бр. Што е по ред зад вториот, редна бројна придавка според бројот три. Трет дел. Трети кат. Трето одделение. Трета задача. Третиот месец. Трети дечиња. ◊ Трета вечер – третата вечер од раѓањето на детето. Трета рака – тоа што се повторува по трет пат (берба, делење карти). Преку трето лице – со посредство на друг. Трети петли – изгрејсонце. Третиот сталеж – (истор.) граѓанство, буржоазија во Франција. (До) трета мајка – (до) три пати. Трета среќа – пробува да направи нешто до трипати.