третира

Глагол, несвршен

Значење на третира:

1. Постапува на еден или на друг начин со некого; се однесува на еден или на друг начин со некого. Тој ја третира како жена, но и како борец. Него го третираа како талент.

2. Разработува, обработува, разгледува некое прашање, предмет, тема. Темата што ја третира овој роман е многу ретка во литературата. Тие појави ги третираа како девијации во средината.

Коњугација: третираат , третирајќи.

Изведени зборови:

  • третирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

третира, третираат; третирајќи несв. 1. Постапува на еден или на друг начин со некого; се однесува на еден или на друг начин со некого. Тој ја третира како жена, но и како борец. Него го третираа како талент. 2. Разработува, обработува, разгледува некое прашање, предмет, тема. Темата што ја третира овој роман е многу ретка во литературата. Тие појави ги третираа како девијации во средината. ‖ глаг. им. третирање ср.