третман

Именка, машки род

Значење на третман:

1. Примена на медицинска нега кај болен. Лекарски третман.

2. Начин на однесување, на постапување кон некого. Рамноправен третман. Посебен третман. Правилен третман на луѓето.

3. Начин на обработка на некое прашање или пристап кон некоја тема во литературата, уметноста, науката и др. Научен третман. Модерен третман на наставната материја.

Множина: третмани.

Оригинални податоци:

третман, мн. третмани м. 1. Примена на медицинска нега кај болен. Лекарски третман. 2. Начин на однесување, на постапување кон некого. Рамноправен третман. Посебен третман. Правилен третман на луѓето. 3. Начин на обработка на некое прашање или пристап кон некоја тема во литературата, уметноста, науката и др. Научен третман. Модерен третман на наставната материја.