трева

Именка, женски род

Ботаника.

Значење на трева:

1. а) Општ назив за зелјеста едногодишна или повеќегодишна билка од фамилијата треви со тенко стебло. Зелена трева. Сува трева. Ливадски треви. Високи и густи треви. Ќе посеам трева во дворот. б) (само мн.) Фамилија вакви растенија. Фамилија треви. в) Одделен назив за секое од овие растенија. На гумното растеше пердувеста трева. По полето имаше разни треви.

2. (разг.) Лековита билка. Лековита трева. Тој лекува со треви. Донесе вкусен чај од тревите што ги берел.

3. (жарг.) Марихуана; тревка.

Множина: треви, тревје.

Изведени зборови:

  • тревица, и. ж. мн. тревици, тревичка, мн. тревички ; тревче, мн. тревичиња ср. дем. и хип.
  • тревиште, и. ср. аугм. и пејор.

Фразеолошки израз / поговорка:

Засеклива трева – (бот. ) сп. кантарион. Ајдучка трева – (бот.) сп. ајдучица; Achillea millefolium. Не пасе трева – не е наивен, не е без знаење, не е глупав. Не умри коњу до зелена трева –сп. умре.

Оригинални податоци:

трева, мн. треви, зб. мн. тревје ж. (бот.) 1. а) Општ назив за зелјеста едногодишна или повеќегодишна билка од фамилијата треви со тенко стебло. Зелена трева. Сува трева. Ливадски треви. Високи и густи треви. Ќе посеам трева во дворот. б) (само мн.) Фамилија вакви растенија. Фамилија треви. в) Одделен назив за секое од овие растенија. На гумното растеше пердувеста трева. По полето имаше разни треви. 2. (разг.) Лековита билка. Лековита трева. Тој лекува со треви. Донесе вкусен чај од тревите што ги берел. 3. (жарг.) Марихуана; тревка. ◊ Засеклива трева – (бот. ) сп. кантарион. Ајдучка трева – (бот.) сп. ајдучица; Achillea millefolium. Не пасе трева – не е наивен, не е без знаење, не е глупав. Не умри коњу до зелена трева –сп. умре. ‖ тревица, мн. тревици, тревичка, мн. тревички ж.; тревче, мн. тревичиња ср. дем. и хип. ‖ тревиште мн. тревишта ср. аугм. и пејор.