трезвен
Значење на трезвен:
1. Што не е пијан, што се воздржува од пиење. Трезвените гости ги влечеа под рака пијаните.
2. (прен.) Разумен, присебен, умерен, реален. Трезвен, аналитичен дух. Трезвено однесување. Трезвена проценка. Трезвени ставови.
Членувана форма: трезвениот.
Изведени зборови:
- трезвено, прил. Тој кажува убедливо и трезвено. Откако ќе се смират, трезвено, реално ќе размислат.
- трезвеност, и. ж.
Оригинални податоци:
трезвен, трезвениот прид. 1. Што не е пијан, што се воздржува од пиење. Трезвените гости ги влечеа под рака пијаните. 2. (прен.) Разумен, присебен, умерен, реален. Трезвен, аналитичен дух. Трезвено однесување. Трезвена проценка. Трезвени ставови. ‖ трезвено прил. Тој кажува убедливо и трезвено. Откако ќе се смират, трезвено, реално ќе размислат. ‖ трезвеност ж.