тргне
Значење на тргне:
1. Почне да оди, да се движи; замине некаде, појде. Колоната тргна. Тие тргнале пеш. Дрварите тргнаа накај планината. Возот ќе тргне со задоцнување.
2. Се упати кон определено место со определена цел; посети, земе учество во нешто. Рано тргнавме на пазар. Војската тргна во борба. Нејзините сестри тргнаа на курс по англиски јазик. Детето наесен ќе тргне на училиште.
3. Почне, започне да прави нешто. Таа тргна да го бара детето. Жената тргна да го мете дворот.
4. (прен.) Има, земе нешто за појдовна точка, за исходиште. Тргна од погрешна претпоставка.
5. (прен.) За очи, поглед, мисла и сл. ‒ оддели, оттргне, одврати од некого или нешто. Тој не тргна очи од неа. Го тргна погледот од езерото и се замисли.
6. Се здружи, се зближи со некого. Тргна со двајца расипници, па и тој стана како нив.
7. Се угледа на некого, постапи како некој. И ти тргна по неговиот ум. Тие тргнаа по неговиот пример. Тој секогаш ќе тргне од постапките на татко му.
8. За механизам – почне да работи, да се движи вршејќи ја специфичната функција. Ѕидниот часовник тргнал напред.
9. За работа, за нешто што се прави, што се случува – почне да оди. Како убаво ни тргна работава! Трговијата нема да ви тргне ако откупувате по таа сума. Сè ќе си тргне како што треба.
10. Потегне, повлече. Постариот го тргна за рака и му рече нешто. Јавачите ќе ги тргнеа уздите назад и коњите запираа. 1Извади, извлече нешто со брзо, еднократно движење. Ме натера да ја тргнам пушката. Ја тргнал сабјата од појас. 12. Помести, поттргне од определено место, премести од едно место на друго. Тој ја тргна прекривката од креветот. Чиракот го тргнал ќепенекот од дуќанот. Ја тргнавме масата поблизу до прозорците. 13. Вовлече, вдише, се напие малку, пивне. Дедото тргна еден дим од својата цигара. Откако тргна голтка ракија, проговори. Ќе тргнеме ли уште по една чашка?! Зиме ќе тргнеше филџан салеп, а лете чаша боза. 14. Обележи, означи, повлече линија. Тој ја тргна првата бразда во градината зад куќа. Тргни линија и пресметај колкава е сумата. 15. За оро ‒ поведе. Ајде, тргни го орото!
Коњугација: (ќе) тргнеа , (ќе) тргнел, тргнаа , тргнав , тргнал , тргнат , тргнат (ќе) тргнев , тргнете , тргни .
Изведени зборови:
- се ~ тргне, 1. а) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина; остави, напушти. Тие се тргнаа од групата и залутаа во шумата. б) Се издвои, се оддели од нешто, остави нешто. Не се тргна од книгата, дење-ноќе учеше. 2. а) Се оддалечи од нешто. Девојката се тргна од прозорецот и седна на столот. б) Се одвои од некого, прекине врска со некого, се повлече. Тој се тргна од лошото друштво. Се тргнав од нив поради постојаните озборувања. 3. (прен.) Се ослободи од нешто, се избави од лошо, се спаси. Тој се тргна од пијанството. 4. (прен.) Се разбуди одеднаш, се расвести. Се тргнала од слатка дремка. Детето се тргна од сонот. 5. (прен.) Се мрдне од умот, се помести, полуди. Тој се тргнал од умот.
- (се) тргнува, глаг. несв. (се) тргнуваат
- тргнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
тргне, тргнат; тргни, тргнете; тргнав, тргнаа; тргнал; тргнат (ќе) тргнев, (ќе) тргнеа; (ќе) тргнел св. 1. Почне да оди, да се движи; замине некаде, појде. Колоната тргна. Тие тргнале пеш. Дрварите тргнаа накај планината. Возот ќе тргне со задоцнување. 2. Се упати кон определено место со определена цел; посети, земе учество во нешто. Рано тргнавме на пазар. Војската тргна во борба. Нејзините сестри тргнаа на курс по англиски јазик. Детето наесен ќе тргне на училиште. 3. Почне, започне да прави нешто. Таа тргна да го бара детето. Жената тргна да го мете дворот. 4. (прен.) Има, земе нешто за појдовна точка, за исходиште. Тргна од погрешна претпоставка. 5. (прен.) За очи, поглед, мисла и сл. ‒ оддели, оттргне, одврати од некого или нешто. Тој не тргна очи од неа. Го тргна погледот од езерото и се замисли. 6. Се здружи, се зближи со некого. Тргна со двајца расипници, па и тој стана како нив. 7. Се угледа на некого, постапи како некој. И ти тргна по неговиот ум. Тие тргнаа по неговиот пример. Тој секогаш ќе тргне од постапките на татко му. 8. За механизам – почне да работи, да се движи вршејќи ја специфичната функција. Ѕидниот часовник тргнал напред. 9. За работа, за нешто што се прави, што се случува – почне да оди. Како убаво ни тргна работава! Трговијата нема да ви тргне ако откупувате по таа сума. Сè ќе си тргне како што треба. 10. Потегне, повлече. Постариот го тргна за рака и му рече нешто. Јавачите ќе ги тргнеа уздите назад и коњите запираа. 11. Извади, извлече нешто со брзо, еднократно движење. Ме натера да ја тргнам пушката. Ја тргнал сабјата од појас. 12. Помести, поттргне од определено место, премести од едно место на друго. Тој ја тргна прекривката од креветот. Чиракот го тргнал ќепенекот од дуќанот. Ја тргнавме масата поблизу до прозорците. 13. Вовлече, вдише, се напие малку, пивне. Дедото тргна еден дим од својата цигара. Откако тргна голтка ракија, проговори. Ќе тргнеме ли уште по една чашка?! Зиме ќе тргнеше филџан салеп, а лете чаша боза. 14. Обележи, означи, повлече линија. Тој ја тргна првата бразда во градината зад куќа. Тргни линија и пресметај колкава е сумата. 15. За оро ‒ поведе. Ајде, тргни го орото! ● се ~ 1. а) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина; остави, напушти. Тие се тргнаа од групата и залутаа во шумата. б) Се издвои, се оддели од нешто, остави нешто. Не се тргна од книгата, дење-ноќе учеше. 2. а) Се оддалечи од нешто. Девојката се тргна од прозорецот и седна на столот. б) Се одвои од некого, прекине врска со некого, се повлече. Тој се тргна од лошото друштво. Се тргнав од нив поради постојаните озборувања. 3. (прен.) Се ослободи од нешто, се избави од лошо, се спаси. Тој се тргна од пијанството. 4. (прен.) Се разбуди одеднаш, се расвести. Се тргнала од слатка дремка. Детето се тргна од сонот. 5. (прен.) Се мрдне од умот, се помести, полуди. Тој се тргнал од умот. ‖ (се) тргнува, (се) тргнуваат несв. ‖ глаг. им. тргнување ср.